Louis Vuitton и Френк Гери уште еднаш ги здружуваат силите за да го издигнат мирисот до уметност, овој пат со супер ексклузивното и колоритно уметничко Les Extraits Murano издание. Архитектот претходно ја трансформираше колекцијата на француската куќа Les Extrait во мали, емотивни скулптури со сребрени капи. Сега, тој спектакуларно го трансформира своето оригинално капаче за шише парфем во извонредна нова креација, овој пат со помош на мајсторот за стакло мурано, Симоне Ченедезе.
Во шишето се наоѓа мирисот Louis Vuitton Symphony од оригиналната колекција Les Extraits која ја компонирал парфимерот на куќата, Jacques Cavalier Beltrude.
И додека капачето на претходната колекција беше направено од алуминиумски лим „стуткан како ткаенина“, Murano Art Edition повторно ја пронаоѓа истата форма користејќи венецијанско производство на стакло. Замислен како шарен предмет d’art, го оживеа мајсторот за мурано стакло, Симоне Ченедезе.
Парфемот е полн со свежина од грејпфрут, ѓумбир и бергамот. Тоа е уметничко дело кое можете да го имате засекогаш со себе, бидејќи можете бескрајно да го наполните со „виолетовиот сок“, доволно е само да посетите бутик на Louis Vuitton.
И бидејќи секое капаче за парфемот е рачно изработено од мурано стакло, две парчиња никогаш нема да бидат исти. Со други зборови, ќе добиете уметничко дело кое е единствено.
„Колку и да е техниката на дувано стакло предизвикувачка, по многу експериментирање сфатив дека тоа е единствениот начин вистински да се претстави нешто така природно грациозно и флуидно како што е смелиот дизајн на Франко“, рече произведувачот на стакло во соопштението за јавност.
Кога првпат го дизајниравме шише парфем за Louis Vuitton Les Extraits Collection, имав сон да ги направам врвовите во живописни бои. Сега, во соработка со Симонe и неговите занаетчии на стакло, конечно успеавме да ја реализираме таа визија“, додаде Гери.
Les Extraits Murano Art Edition – Extrait de parfum Simphony беше лансиран во ноември. Ограничен на 40 парчиња, секое доаѓа во посебна кутија и чини 5.000 евра.