Louis Vuitton ја претстави најновата верзија на своите безжични слушалки, Horizon. Како и секогаш, Vuitton не разочарува кога станува збор за квалитетот и дизајнот на производите. Овие слушалки, кои се достапни во пет различни бои, дизајнирани се да обезбедат врвно искуство за слушање музика.
Слушалките се изградени на лесна алуминиумска конструкција, со слој од полиран сафир на врвот, украсен со препознатливата монограмска шема на брендот. Инспирацијата за својата форма ја пронашле во LV куќиштето на часовникот Tambour, што се рефлектира во нивната малку закривена форма. Футролата за полнење е исто така заоблена и инспирирана од Tambour.
Покрај добриот изглед, слушалките нудат и висок квалитет на звукот, што не чуди, со оглед на тоа што се направени во соработка со врвните аудиофили од Master & Dinamic. Исто така, слушалките поседуваат активно поништување на бука и вграден микрофон кој ја елиминира позадинската бука за повици. Она што дополнително ги издвојува е Bluetooth Multipont, што значи дека корисникот може да стримува звук од два различни извори одеднаш.
Ако сакате да го осветлите своето искуство со слушање музика и во исто време да се чувствувате префинето и стилски, слушалките Louis Vuitton Horizon се совршен избор за вас. Тие се достапни во веб-продавницата на брендот по малопродажна цена од 1660 долари.