Насловна / Вести / Лос Анџелес со амбиција за 100% снабдување од обновливи извори

Лос Анџелес со амбиција за 100% снабдување од обновливи извори

los-angeles-dowap

Градската управа на Лос Анџелес неодамна едногласно усвоила резолуција со која од градската комунална компанија LADWP (Los Angeles Department of Water and Power), бара изработка на Студија за тоа како да се оствари 100% снабдување од обновливи извори на енергија. Притоа, се очекува Студијата во соработка со научната заедница, истражувачките компании, американското Министерство з аенергетика (UsDoE), еколошките здруженија и здруженијата на потрошувачи, да ги постави насоките за одржливата енергетска иднина на градот.

ladwp-proekt

Ова е во согласност со планот на Сојузната држава Калифорнија за намалување на емисијата на стакленички гасови за 40% (во однос на 1990) и удел од 50% на обновливите извори на енергија до 2030 година. Градската управа на Лос Анџелес има поамбициозни цели – намалување на емисиите зза 45% до 2025, 60% до 2035 и 80% до 2050. Лос Анџелес е ден од 18те градови кои се посветени на „чистата енергетска иднина“. Во таа насока, во иднина се очекува сериозно намалување на потрошувачката на природен гас (Калифорнија е втор најголем потрошувач на природен гас во САД), а до 2025 година  LAWDP целосно треба да ги исфрли фосилните горива.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top