Насловна / Архитектура / Лондонското училиште Брнтвуд – добитник на Стирлинговата награда за 2015

Лондонското училиште Брнтвуд – добитник на Стирлинговата награда за 2015

3000

Неодамна, во просториите на седиштето на Кралскиот институт на британските архитекти во Лондон се одржа свеченото доделување на јубилејната 20-та по ред Стирлингова награда за архитектура. Во конкуренција на 37 наградени проекти, од кои шест беа влезени во најтесниот избор за наградата, овогодишен добитник на најголемото архитектонско признание во Обединето Кралство е училиштето Брнтвуд на архитектите Олфорд Хол Монахан и Морис (Allford Hall Monaghan Morris – AHMM Architects).partners

Училиштето Брнтвуд е Академија за девојчиња (Burntwood An Academy for Girls), државно училиште за девојчиња на возраст од 11 до 18 години кое автономно е управувано. Тоа се наоѓа во јужно-западиот дел на Лондон, на територијата на општината Вандсворт (Wandsforth). Секоја година, во училиштето со околу 1.800 ученички, се запишуваат 10 нови паралелки вкупно во сите години.

Училиштето е изградено за потребите на Советот на општината Вандсворт (Wandsworth Borough Council) и тоа како еден од последните реализирани проекти од амбициозната програма „Изградба на училишта за иднината“ (Building Schools for the Future – BSF) на тогашната британска Лабуристичка влада од 2004 година. Оваа програма беше укината од новизбраната коалициона влада во 2010 година, така што овој проект е еден од малубројните на коишто им беше дозволено да се реализираат по старата програма.Burntwood_01_Rob Parrish1269x846

Изградбата на овој училишен комплекс отпочнала во јуни 2011 година, за да биде завршена во септември 2014 година, со што е заокружен 10-годишниот процес од изборот на конозрциум кој ќе го испроектира и изгради овој комплекс со внатрешна површина од 21.405 метри квадратни и вреден околу 56,7 милиони евра.RIBA-Stirling-Prize-2015_Burntwood-School-Wandsworth_Allford-Hall-Monaghan-Morris_dezeen_1568_3

Жирито во состав: Петер Клег, архитект и постар партнер од студиото „Филден Клег Брадли“ (Peter Clegg, Senior Partner, Feilden Clegg Badley Studios), Рори Олкајто, уредник на списанието Архитектс (Rory Olcayto, Editor, The Architects Journal), Деим Тереса Саклер, филантроп и поранешна учителка (Dame Theresa Sackler DBE), Стив Томпкинс, архитект и директот на Ховарт Томпкис, добитници на Стирлинговата награда за архитектура за 2014 година (Steve Tompkins, Director, Haworth Tompkins), и Џејн Данкан, архитект, директор на „Џејн Данкан архитектс“ и престедател на RIBA (Jane Duncan, Director, Jane Duncan Architects, RIBA President and Chair), за оваа награда немало дилеми:

„Училиштето Брнтвуд е неоспорен добитник на Стирлинговата награда за архитектура на Кралскиот институт на британските архитекти за 2015 година. Тоа е објектот во кој најмногу е постигнато во споредба со другите објекти влезени во најтесниот избор, и го искажува севкупниот дијапазон на вештини коишто архитектот може да му ги понуди на општеството. Тој вклучува голем современ дизајн и умешна употреба на постојните објекти, како и супериорна интеграција на уметност, пејзажна архитектура и инженерство. Тоа е проект на вистинска колаборација. Искажана е прекрасна работна соработка помеѓу главниот учител и архитектот: партнерство на еднакви. Tрансформацијата на училиштето Брнтвуд од архитектите Олфорд Хол Монахан и Морис, претставува повторно обмислување на концептот од 50-тите години за кампус за средно училиште со 2.000 ученички и 200 вработени. Архитектите создале шест нови наставни објекти и два големи културни објекти, со што ги поврзале оргиналните објекти на истакнатиот архитект од 50-тите и 60-тите години на минатиот век, Сер Лесли Мартин (Sir Leslie Martin). Секој објект е полн со светло и воздух/простор, со простори со двојна висина на крајот на секој коридор, за да се зголеми пристапот на природно осветлување и да се создадат добро врамени визури. Земајќи ја предвид скулптуралноста на објектот, Олфорд Хол Монахан и Морис тесно соработувале со уметник за да применат големи, колоритни мурали низ сите објекти, со што интелигентно го искомбинирале означувањето со современата уметност“.Arch2O-AHMM-Burntwood-School-London-08

Веројатно играта на случајот одредила вакво признание да му се оддаде на училишен објект којшто сега е трансформиран, но оригинално е конципиран во 50-тите и раните 60-ти години, кога програмите на Околискиот совет на Лондон (London County Council – LLC), предводени од главниот архитект и поборник на интернационалниот архитектонски стил Сер Лесли Мартин, реализирале во Лондон трајни, светли и прекрасно организирани училишни објекти од коишто едно е и ова. Сочувувајќи ги прекрасните оригинални објекти на Сер Лесли Мартин и заменувајќи ги старите училишни блокови испроектирани од некогашното јавно претпријатие за проектирање со нови, Олфорд Хол Монахан и Морис креирале нови односи помеѓу старото и новото, со што создале чувство на архитектонска историја и сериозност на целиот објект.Burntwood-School-by-Allford-Hall-Monaghan-Morris-7

На овој начин, тие ги сочувале оригиналните квалитети на училиштето, коешто преку својата организација според принципите на кампус, оддава повеќе чувство на универзитет отколку на средно училиште, и со тоа отстапува од популарната организација на училишните објекти од програмата „Изградба на училишта за иднината“, веројатно, инспирирана од „храмовите на потрошувачката“ – трговските центри, честопати карактеризирани со единствен огромен училишен објект со затворен атриум.

Untitled-1

Искусните архитекти, со длабоко познавање на доброто проектирање на училишни објекти, соработувале и со пејзажни архитекти кои со минимални интервенции успеале да го трансформираат опкружувањето на објектот, како и со графичари кои преку уметнички дела (мурали) ја имаат потпомогнато ориентацијата во рамките на објектот.burntwood-school-c-timothy-soar_1

Училиштето Брнтвуд е едноставно и прекрасно. Главниот влез на комплексот е всушност објект – капија, кој преку својот пасаж ве води кон наткриената натстрешница, направена од стандардни натстрешници за автобуски станици, кои наредени еднододруго се протегаат низ целата должина на кампусот, со блокови наредени по неговата должина или паралелно или напречно од двете страни на натстрешницата.RIBA-Stirling-Prize-2015_Burntwood-School-Wandsworth_Allford-Hall-Monaghan-Morris_dezeen_936_2

Ваквото поставување на блоковите во комбинација со различната оддалеченост на блоковите од натстрешницата, овозможило создавање на различни по големина и карактер меѓупростори и чувство на поставување на објектите во рамките на парк.

Блоковите се обработени со скулптурални фасади од вештачки бетон во форма на отворени и отсечени кон врвот пирамиди со различни форми. Ова овозможило да се создадат различни големини на повлечени прозорски отвори, при што формата на вака создадените панели не само што дава разноликост на фасадата туку овозможува и осенчување на прозорските отвори. Како контраст и противтежа на неутралните бетонски панели се јавуваат колоритните боени ќерамички плочки, коишто послужиле како медиум за изведба на муралите.RIBA-Stirling-Prize-2015_Burntwood-School-Wandsworth_Allford-Hall-Monaghan-Morris_dezeen_936_6

Покрај високите архитектонски квалитети, објектот го карактеризира високото ниво на енергетска ефикасност и одржливост искажани преку годишна емисија на јагленород диоксид од само 10,41 килограм по метар квадратен, потпомогнато од примената на котел на биомаса и сончеви колектори за топла вода, со што е задоволено урбанистичкото барање на општината, 20 проценти од потрошената енергија да се произведе на самата парцела со примена на обновливи извори на енергија.RIBA-Stirling-Prize-2015_Burntwood-School-Wandsworth_Allford-Hall-Monaghan-Morris_dezeen_1568_0

Училиштето Брнтвуд е одличен пример за тоа како соработката помеѓу учесниците во проектантскиот тим, главниот архитект, инаку љубител на архитектурата на Мис ван де Рое, потоа постоечкиот инспиративен објект и искрената желба на властите за изградба на училишни објекти коишто ќе го унапредат образовниот процес, резултирала во исклучителен објект и достоен добитник на 20-та по ред, јубилејна, Стирлингова награда за архитектура на Кралскиот институт на британските архитекти за 2015 година.Untitled-2

Испрати коментар

Scroll To Top