Во Мека, Саудиска Арабија, ќе се гради исламски музеј, според проектот на архитектите од компанијата Mossessian Architecture од Лондон. Музејот Makkah ќе се наоѓа на седум километри оддалеченост од Големата џамија, односно Каба – најсветата муслиманска локација. Галеријата ќе се простира на 5.600 квадратни метри, а ќе се поставуваат изложби за меѓународната пракса и историја на исламот.
На покривот, посетителите ќе можат да уживаат во посебно проектирана градина, која ќе биде вистински антипод на жешките лета во Саудиска Арабија.
Надворешниот ѕид на музејот ќе биде изграден од камења од секоја земја на светот во која се практикува исламската религија.