McCann London креираше мече робот кое кашла кога загадувањето на воздухот достигнува опасни граници. Првично ова мече е поставено во близина на Brixton Road во Лондон. Мечето што кашла е физичка манифестација на страшното загадување на воздухот во областа. Секогаш кога нивото на загадување на воздухот ги достигнува максимално дозволените граници, властите се огласуваат со препораки за граѓаните со срцеви и белодробни заболувања да ги редуцираат престите на отворено. Toxic Toby е „гласноговорник“ на овие апели преку своето кашлање. McCann London е креативната рекламна агенција која стои зад проектот, со намера да ја подигне свеста кај политичарите за сериозноста на проблемот со загадениот воздух. Лондон секоја година има 200 смртни случаи предизвикани од сообраќајни незгоди, додека над 9000 луѓе годишно умираат од последиците од загадениот воздух. Мечето Toby ќе биде реплицирано и на други локации како дел од кампањата. Направен е од 3D печатени делови.