Насловна / Архитектура / Лондон: Највисоката зграда на светот од транспортни контејнери

Лондон: Највисоката зграда на светот од транспортни контејнери

Одобрено е во Лондон да започне изградбата на деветкатен деловен објект од транспортни контејнери. Согласо планираната височина, кога зградата ќе биде готова, ќе стане највисоката во светот направена според овој концепт на модуларна градба. Ќе биде висока 26 метри. Автор на проектот е компанијата  Patalab Architecture која се одлучила за транспортни контејнери од практични и естетески причини. Од компанијата веруваат дека овој проект ќе ја унапреди модуларната градба, и дека во иднина повеќе ќе се користат транспортните контејнери во градбата, наместо да се користат како времени складишта.

Еден од условите за добивање на согласност за градба бил задоволувањето на стандардот за одржливост BREEAM. Доколку работите се одвиваат според планот, објектот ќе го земе епитетот на највисока зграда од овој вид од Freitag Store во Цирих, која во моментот е највисоката зграда на светот изградена од транспортни контејнери.

london1

london2

london3

Испрати коментар

Scroll To Top