Новиот аеродром во Лондон, желба на градоначалникот Борис Џонсон, би можел да се изгради за седум години, доколку проектот биде прифатен. Проектот кој е наречен “Boris Island” би бил изграден на вештачки остров на 80 километри источно од Лондон. Градоначалникот Џонсон ангажирал архитектонско-градежен конзорциум за да направи идејно решение за овој проект. Аеродромот би требало да има шест писти. Конзорциумот тврди дека со реализацијата на проектот би се отвориле 200.000 работни места, а главните аргументи за неговата изградба се вревата и загадувањето што се резултат од сегашниот аеродром.
Но, од Хитроу се спротивставуваат на овој проект, чија реализација би значела затворање на нивниот аеродром и изградба на населба на негово место.