Неверојатен проект треба наскоро да се појави на популарниот „Трафалгар сквер“ во Лондон. Проектот е лансиран од страна на организаторите на London Design Festival.
Всушност, тие, преку Kickstarter платформата за финансирање со донации, одлучиле идејата за мини голф игралиште целосно да ја реализираат, а за проектот им се потребни 120.000 фунти.
Самиот проект вклучува и некои истакнати имиња од областа на архитектурата, дизајнот и уметноста, а меѓу останатите, идејни решенија понудиле и неодамна починатата архитектка Заха Хадид, како и други уметници, архитекти и дизајнери, како што се Том Диксон, Пол Смит…
Речиси сигурно е дека овој иновативен и генијален концепт во центарот на Лондон ќе доживее реализација и ќе го краси британскиот главен град.
Голф игралиштето треба да се „појави“ во периодот од 17 до 22 септември оваа година. Во моментов се собрани повеќе од 3.000 фунти, а кампањата за собирање финансии ќе трае околу 40 дена.