Лондон ја доби титулата најзелен град во Европа благодарение на тоа што 40 отсто од површината е всушност зелена површина, со дури осум милиони стебла.
Лондон е еден од најразвиените градови во светот и го има најнаселеното урбано подрачје во Европската Унија и второ најголемо во Европа. Спротивно на јавното мислење, овој град има многу зелени површини и паркови кои му даваат посебен изглед. Лондонските паркови се едни од најпознатите туристички локации.
Паркот на свети Јаков е окружен со три кралски палати, а се простира на површина од 23 хектари. Познат е по езерото со пеликани и парадата на кралската коњаница, а во зградата наречена The Mall во текот на годината се одржуваат разни, најчесто кралски, церемонии.