Насловна / Архитектура / Локално-рурална сензитивност во Дорсет, Англија

Локално-рурална сензитивност во Дорсет, Англија

Комплексот Wraxall Yard, лоциран во Западен Дорсет, Југозападна Англија, е инклузивен комплекс за одмор, составен од работилница и мал образовен центар, изграден со цел  да се обезбеди универзален пристап до пејзажот и да се подобри биодиверзитетот на областа.

Од отворањето тој фукнционира како непрофитен бизнис од интерес на заедницата во јули 2022 година. Во соработка со локалната добротворна организација Green Island Trust, тие ќе се користат во текот на следната година за да обезбедат серија субвенционирани посети за локалното население особено за лицата со попреченост.

2 3 1

Пред отпочнување на проектот постоечките објекти се целосно запуштени и во лоша состојба, со значително влошување на дрвената конструкција на кровот и камените ѕидови пред уривање. Предложеното реставрирање посветува внимание на обезбедување на примерни стандарди за пристапност и одржливост, без да се загрози историскиот и руралниот карактер на постојното изградено ткиво.

Архитектонското биро Клементин Блејкмор се погрижи и за партерното уредување до комплексот патека која минува низ штала пред да води во засадениот двор за да обезбеди комплетна  пристапност низ комплексот.

Колку што е можно повеќе од оригиналната структура на зградата беше зачувана и оставена, со поправки и измени извршени од вешти мајстори користејќи рециклирани материјали, заедно со производи со ниска содржина на јаглерод, природно добиени, како што е изолацијата од плута.

5 7 8

Стратегија и вклучување на локацијата

Оригиналната градба датира од средината на 19 век, со некои подоцнежни доградби, амбарите за млечни производи од камен и тули се наоѓаат на крајот од селото Долна Враксал, веднаш до црквата Света Марија. Првите придружни објекти се организирани околу дворот, кој е проширен на југ за да создаде чувство на отвореност и пространост кон локацијата, опкружен со холандска штала.

Покрај тесната соработка со Центарот за пристапни средини, CBA спроведе консултации со лицата со попреченост за подобро да ги разбере нивните искуства и да ги приспособи и интегрира нивните потреби како во ентериерот така и во партерот. Нема посебни пристапи , рампи или огради; наместо тоа, топографијата и распоредот на патеките се проектирани да создадат нежно наклонет пристап. До локацијата се пристапува од јужна страна како главен влез. Од паркингот до објектите се стигнува по крива патека, преку „ходникот“ (покриен премин низ една од амбарите). Овој тивок, затворен простор е поврзан со поширокиот пејсаж преку пешачка патека, каде што се спроведени голем број регенеративни земјоделски мерки, како што се воведување на диви медоносни пчели и создавање шумски пасишта.

Структуралност

Структурниот пристап од зафатот беше воден од желбата да се задржи што е можно повеќе од оригиналната структура, додека чувствително се додава или заменува материјал каде што е потребно за да се продолжи животниот век на зградите. Многу од постојните дрвени греди на таванот беа одржувани и поправени. Новата покривна обвивка од иверица од бреза е оставена изложена како внатрешна завршница на покривот. Покривот беше обложен со двојни римски црвени глинени плочки, со интегрирани пристапни точки на неколку места.

Зачувани се поголемиот дел од надворешните камени и ѕидарски ѕидови; тие се обложени со 50% GGBS бетон и поправени со локално набавен камен од Портланд, Пурбек, шумски мермер, поставен во варов малтер. Ѕидовите на дворот кои беа во особено лоша состојба, со некои неодамнешни измени, беа заменети со нов ѕид обложен надворешно со рециклиран локален камен. Внатрешно, спојот меѓу столбовите и гредите е потенциран и видлив, што ја изразува скромната изработка на овој тип на градба.

11 10

Екологија

Стратегијата за животна средина се фокусираше на обвивката на зградата; со оптимизирање на фасадната обработка и користење на пасивни мерки за да се искористи максимумот од природната светлина и вентилација, влијанието на енергијата се драстично намалени. Постојните ѕидови одвнатре се изолирани со плута и се нанесува директно на камените ѕидови со варовен леплив малтер. Обновливиот материјал направен од собрана кора, високата дифузност на плутата и овозможува на влагата да се движи низ обвивката, спречувајќи кондензација. Покривите се изолирани со дрвени влакна, уште еден нискојаглероден материјал од природно потекло, кој го ублажува сончевото греење поради неговата поголема густина и дебелина во споредба со потрадиционалната изолација. Греењето и топлата вода се овозможени преку високо ефикасен котел за биомаса, со користење на дрво од локално потекло, со што јаглеродниот отпечаток се одржува на минимум.

Материјалност

Постоечките отвори се комбинација од челични прозорци и врати, избрани поради нивната долговечност и леснотија на користење, како и фиксирани дрвени прозорци, од Даглас. Големите стаклени површини, на местото на вратите од шталата, се поделени со длабоки дрвени лопатки за да се филтрира директната сончева светлина, да се минимизира загадувањето од светлината ноќе и да се создаде приватност. Додека поголемиот дел од прозорецот е поставен назад во длабочината на ѕидовите, на источната страна се појавуваат два нови дрвени прозорци, што ја одразува ад-хок и несоодветната природа на оригиналните отвори долж овој ѕид, притоа создавајќи длабока ниша и внатрешен простор на биро.

Формирани се нови интервенции од палета на земјоделски материјали кои се користат внатрешно и надворешно, вклучувајќи производи од дождовница од галванизиран метал, однапред излеани надградби и прагови, обвивка од ариш, иверица од ела и челични кујнски површини.. Внатрешниот дизајн, еволуираше околу палета дабов мебел, со неколку парчиња од нивната колекција Харди, која е направена локално во Дорсет.

Во социјалниот простор и работилницата на фармата, кои се области за групни активности, ѕидовите од тули се оставени необработени, со прозорци и врати во необоена поцинкувана завршница. Внатрешната дрвена облога од меѓукатот до подот го повторуваат едноставниот вертикален „бординг во Јоркшир“ пронајден во обновената холандска штала спроти дворот на фармата. Оваа елегантна челична конструкција е рехабилитирана за да се сместат животни, со котелот за биомасата во соседната барака.

14 13 12 16

Пејзаж

За разлика од дворот на отворената фарма, кој обезбедува флексибилен простор за користење од локалната заедница и им овозможува на гостите на одмор да се поврзат со животните, градината им нуди интимно и затскриено одморалиште на посетителите. Неформалното уредување на патеката обезбедува на посетителите амбиент за да се релаксираат приватно во нивниот сопствен простор, со неформална структура од дрвја и грмушки кои обезбедуваат природно чувство на затвореност. При промена на сезоната, тие исто така обезбедуваат сенка за заштита на јужната страна од прегревање.

Изборот на растенија и материјали е поттикнат од амбицијата да се задржи автентичниот карактер на постоечката локација и да се прослави духот на местото. Само автохтони видови се користени во поширокиот пејзаж. За да се подобри конекцијата на локацијата со непосредниот контекст, дворната градина обезбедува богат извор на нектар за опрашувачите, а околната вегетација, пак живеалиште на најразлични автохтони видови.

15 19 18 20

Испрати коментар

Scroll To Top