Кампањата ја спроведува Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени и има едукативен карактер, како вовед во поимот „климатски промени“. Ќе биде презентиран и методот на Зелена агенда на Проектот на УСАИД, кој е партиципативен метод на креирање и имплементирање на локални развојни стратегии и планови, со активно вклучување на различни сектори во локалната заедница каде што се спроведува процесот.
Кривогаштани, Теарце, Богданци и Пехчево се првите македонски општини кои изработија општински стратегии за адаптација и намалување на климатските промени.