Lodhi Gardens е простран зелен парк лоциран во срцето на Делхи. Во него се наоѓаат мавзолеите на двајца владетели, султани на Делхи, односно Mohammed Shah и Sikander Lodhi, заедно со други градби. Со импресивна архитектура и беспрекорна природна убавина, градината и градбите сместени во неа ја одразуваат славната средба на градот со историјата. Архитектонското наследство од околу 500 години и спокојното зелено опкружување ги прават градините Lodhi главна атракција во Делхи.
Историја
Lodhi Gardens aka Lodi Gardens ја следат својата историја до 1444 година, кога гробницата на Mohammed Shah, владетел на династијата Sayyid, на ова место ја подигнал неговиот син и последниот владетел од династијата, Ala-ud-din Alam Shah. Уште една значајна гробница што се наоѓа на ова подрачје е на Sikander Lodi од династијата Lodi, која била изградена во 1517 година исто така од неговиот син, Ibrahim Lodi. Освен гробници овде се изградени и неколку други објекти за време на владеењето на Sayyid and Lodi. Кога царот Akbar го заземал тронот на Делхи, тој ги користел Lodhi Gardens како опсерваторија и ги чувал записите во библиотека изградена за оваа намена.
Со текот на времето, областа околу овие гробници се развила во две села. Дури во 1936 година, кога Британците биле на власт, селаните биле иселени за да се обнови градината. Lady Willingdon, сопругата на Маркизот од Willingdon (тогашен генерален гувернер на Индија) ја уредувала областа и ја претворила во атрактивна градина. Градината е официјално отворена во 1936 година и го добила името Lady Willingdon Park во чест на нејзините напори.
Кога земјата стекнала независност во 1947 година, паркот бил преименуван во Lodhi Gardens. Во 1968 година, градината е повторно уредена од Joseph Stein, американски архитект кој воспоставил стакленик во градината.
Архитектура
Lodhi Gardens се простираат на површина од над 360 илјади квадратни метри и содржат многу градби од 15 век кои прикажуваат карактеристична архитектура за тој период во Индија. Мавзолејот на Sikander Lodi е со исламски и хинду архитектонски стилови. Проектиран со осум мали куполни структури, секоја украсена со завршница од лотос, украсени врвови на аглите, огромна централна купола и октогонална комора, гробницата е глетка што треба да се види.
Мавзолејот Sikander Lodhi
Мавзолејот на Sikander Lodi црпи инспирација од гробницата на Sikander Lodi. Изграден во индо-исламски стил, исто така има октагонална форма со централна купола. Мавзолејот е затворено здание со куполен влез и има цртежи на ѕидовите кои се могулски. Се смета дека е првата затворена гробница во градина во Индија.
Bara Gumbad
Во средината на градините се наоѓа Bara Gumbad („Големата купола“), и не е гробница, туку е изградена како порта кон трите куполи кои се еден вид џамии или голем заѕидан ограден простор. Bara Gumbad е изградена во 1494 година за време на владеењето на Sikander Lodi, а тука е и резиденција која ја опкружува централен двор, каде што може да се видат остатоци од резервоар за вода. Наспроти Bara Gumbad е Shisha Gumbad („купола на огледала“) за конструкциујата која содржи гробови користени се глазирани плочки, чии станари не се јасно препознатливи (се претпоставува непознато семејство од дворот на Sikandar Lodi или Bahlul Lodi).
Бидејќи постои малку архитектура која датира од периодот на Sayyid и Lodi, Lodhi Gardens се важен археолошки локалитет.
Shisha Gumbad
Bara Gumbad и Shisha Gumbad
Денес
Денес, Lodhi Gardens е едно од најдобрите историски места во Делхи. Исто така е омилено место за локални џогери, утрински пешаци и љубители на јога. Градината е мошне популарно излетничко место за семеен пикник, додека мирниот амбиент го прави едно од најдобрите места за паровите во Делхи да поминат некои романтични моменти заедно.
Покрај мавзолеите и другите градби од 15 век, во овој парк може да се видат и над 50 видови пеперутки и птици и повеќе од 100 видови дрвја. Во моментов, Археолошкиот институт на Индија ја одржува градината. Мал дел од градината е означена како Национален бонсаи парк. Многу групи, училишта и организации од Делхи организираат прошетки во оваа градина.