Навикнати сме на љубовни приказни кои често се прикажуваат во филмовите, додека остануваат „неопеани“ хероите што својата силна љубов ја изразуваат преку мали, вечни и нескршливи гестови.
Корејската уметница Puuung токму овие мали нешта ги ставила во преден план преку своите илустрации сакајќи да приближи уште една димензија или најубавата димензија од љубовната приказна.
Puuung ја бара смислата на ова прекрасно чувство токму во секојдневниот живот и верно го претставува пренесувајќи цела палета на емоции и разни опкружувања преку кои тие се изразуваат. Своите дела ги објавува двапати неделно на илустраторската платформа Grafolio, а со своите романтични илустрации го привлекува вниманието на многу луѓе кои станале нејзини верни обожаватели.