Насловна / Вести / Љубљана стартува иновативен такси превоз

Љубљана стартува иновативен такси превоз

uber-taksi

Американската транспортна компанија Uber, која е присутна во над 80 земји, и над 500 градови, наскоро ќе влезе и во Љубљана преку услугата  UberX, најчестата услуга која ја обезбедува низ Европа. Се работи за услугата превоз со електрични возила, а концептот кој се нуди во Љубљана се  најавува како прв од таков вид во светот.

uber-taksi-ceni

Иако словенечкиот закон во моментот не поддржува ваков деловен модел, се подготвуваат измени на законот за патен сообраќај кои ќе бидат усвоени до крајот на годинава. Компанијата нуди услуги за превоз по системот „sharing economy“, но насекаде наидува на отпор и спротивставување од страна на класичните превозници и таксисти кои ги доживуваат како сериозна конкуренција.

 

Испрати коментар

Scroll To Top