Насловна / Вести / Љубљана освои европска награда за енергетски услуги

Љубљана освои европска награда за енергетски услуги

Градот Љубљана е добитник на европската награда за енергетски услуги Energy Service Award (EESA) заедно со ESCO компанијата  Resalta и енергетската компанија  Petrol, во категоријата „Најдобар проект во полето на енергетските услуги“. Попрецисно, наградата е добиена за проектот за енергетска реконструкција на објекти во градот.  Проектот опфаќа 48 згради, и преставува најамбициозен проект од овој вид во југоисточна Европа. Проектот обезбедил годишна заштеда од 8.000 MWh енергија и намалување на емисијата на CO2 за 3.000 тони, што е еквивалентно на садење на 175.000 дрвја.

Наградата European Energy Service Award (EESA) се доделува на компании и проекти за исклучителни напори и достигнувања во областа на енергетките услуги. Наградата ја доделуваат Европската Комисија Berliner Energieagentur (BEA).

Овогодишната свеченост на доделување на наградите се одржа на 20-ти февруари во Брисел, во рамките на Инвестицискиот форум на Сојузот на градоначалници. Се работи за најголемо светско движење за локални климатски и енергетски акции кое обединува над 7000 локални и регионални власти од 57 земји.

Признанието кое веќе го доби Љубљана за зелена престолнина на Европа, како и последнава награда за енергетска реконструкција, значи дека несомнено треба да послужи како пример во регионот.

LjubljanaAE2

LjubljanaEA3

 

Испрати коментар

Scroll To Top