Насловна / Архитектура / Linked hybrid на Стивен Хол во Пекинг

Linked hybrid на Стивен Хол во Пекинг

Овој комплекс нуди алтернативен модел на станбен развој, кој се однесува на впечатлива, модерна архитектура на сегашноста, стариот модел на домување се меша со шопинг центар, угостителски простории, образование и простории за забава.

1-stiven-holl-kompleks-vo-peking

Linked hybrid се состои од осум станбени кули кои се движат од 14 до 21 ниво, а се поврзани во близина на нивните врвови со мостови од едно или две нивоа. Овие мостови освен што служат како елементи за циркулација, обезбедуваат програмиран простор за уметнички галерии, продавници, кафулиња, па дури и фитнес клуб со базен. Повеќето од просториите за шопинг и јадење се сместени во подножјето на кулите, додека градинката и забавиштето се сместени во конструкции покриени со трева и поставени долж периметарот. Со цел да се развие програмата на мешана употреба, архитектот вклучува и мултиплекс кино и хотел за да привлече странци во објектот.

2-stiven-holl-kompleks-vo-peking

3-stiven-holl-kompleks-vo-peking

4-stiven-holl-kompleks-vo-peking

5-stiven-holl-kompleks-vo-peking

6-stiven-holl-kompleks-vo-peking

Испрати коментар

Scroll To Top