Насловна / Вести / Лимитирана серија на електричен Rolls-Royce Phantom V

Лимитирана серија на електричен Rolls-Royce Phantom V

Компанијата Lunaz го пушта на пазарот првиот електричен модел на Rolls-Royce Phantom V — модерна верзија на еден од најлуксузните автомобили на светот. Ограничената серија на овие возила Royce Phantom V, се очекува да се појави на пазарот по цена од околу  $657,000.  Електричната верзија на овој автомобил беше за прв пат најавена минатата година. „Ниту еден автомобил на светот не може да му конкурира на Royce Phantom V според впечатливоста, стилот и важноста. Во случајов станува збор за ограничена серија од 30 возила кои рачно ќе бидат изработени во компанијата Lunaz“, велат од седиштето на оваа компанија.

„Сега е вистинското време за електричен Rolls-Royce“, додаваат од Lunaz. „Одговараме на потребата за спојување на прекрсаниот класичен дизајн со одржливоста. Преку електрификацијата ја продолжуваме традицијата на „најдобриот автомобил на светот“, правејќи го Rolls-Royce релевантен избор и за новото модерно време. Автомобилот содржи импресивно батериско пакување од 120 kWh, има домет од 482 km, и можност за брзо полнење. Шемата на боите е во два тона – оригиналниот изглед од 1961во комбинација со розово златни детали. Автомобилот е предвиден за осум патници.

lunaz1

lunaz2

lunaz3

lunaz4

Испрати коментар

Scroll To Top