Бирото Sam Robin Design со седиште во Мајами, Флорида, работи на проекти низ САД, како и на меѓународно ниво во Швајцарија, Бразил, Лондон, Монако и Мексико. Со желба да се прилагодат на своите клиенти и проектираат според нивните потреби, Sam Robin Design изработува специјализирани ентериери со внимание на деталите и квалитетот. Познати се по модерни дизајни за престижни клиенти, како и по свој мебел и додатоци за нивните комерцијални и станбени проекти.
Станот со површина од 720 квадратни метри се наоѓа на островот Fisher Island во близина на Мајами, на осмиот кат во Palazzo Dell Sol, луксузен резиденцијален објект сместен на самиот брег. Во овој објект цената на становите се движи околу 3.2 милиони долари, додека чланарината во специјалниот Fisher Island клуб, изнесува 250 илјади долари.
Покрај современиот ентериер и извонредниот поглед на брегот, станот има и тераса од 250 квадратни метри, пет спални соби, работна соба и шест бањи. Дневниот боравок и терпезаријата се пространи како и кујната со голем кујнски остров, а една од спалните соби има и свој помал дневен боравок.
„Кога завземаме естетски став за нашиот проект на Fisher Island, зборови кои на доаѓаат на ум беа софистицирано, елегантно, едноставно, рекалсирано, свежо“, велат од Sam Robin Design.