Насловна / Вести / Ликовен проект „Метаморфоза“ во центарот на Скопје

Ликовен проект „Метаморфоза“ во центарот на Скопје

metarmofoza

Ликовен перформанс под отворено небо со наслов „МЕТАМОРФОЗА“ ќе биде отворен вечерва (23 јуни) на локациите на централното градско подрачје (Дом на АРМ, плоштад „Македонија“ и плоштад „Филип II“).

Во овој проект, на кој како куратор се јавува Христијан Санев, ликовен уметник и член на раководството на ДЛУМ, учествуваат повеќе автори: Гордана Вренцоска, Исмет Рамиќевиќ, Деспина Крстевска, Филип Фидановски, Ели Аиноска, Јана Манева Чупоска и Јовица Мијалковиќ.

Овој вечерен ликовен перформанс е со почеток во 20.00 часот, а посетителите ќе можат да ги посетат локациите се до полноќ. Дел од авторските дела можат да се посетат само во одредени периоди и тоа: Ликовниот перформанс на Јовица Мијалковиќ – 20.30 ч., на плоштадот “Филип II“, ликовно театарскиот перформанс на Јана Манева Чупоска – 21.00 ч., излог на продавница Calliope (City Galery) и ликовниот перформанс на Филип Фидановски – 22.30 ч., ресторан Тиволи (ул. „11 Октомври“ – плоштад „Македонија“). Останатите ликовни дела ќе бидат видливи во текот на целата вечер.

Испрати коментар

Scroll To Top