Кралската кула (на арапски: Burj al Mamlakah) во саудискиот град Џеда, кога ќе биде завршена во 2018 година, ќе биде највисоката зграда на светот. Но, оваа зграда ќе има и извонредно брзи лифтови со две платформи, кои низ облакодерот ќе се движат со 10 m/s. За изведбата на овие лифтови ќе биде задолжена финската компанија KONE, од каде истакнуваат дека се работи за револуционерна технологија со примена на јаглеродни влакна, со што драстично се намалуваат енергетските потреби.