Насловна / Архитектура / Лифтови кои се движат на сите страни

Лифтови кои се движат на сите страни

lift

Пронајдокот што веројатно ќе направи огромно влијание врз градењето на високи станбено-комерцијални кули – МУЛТИ лифт, се движи со помош на магнетна технологија слична на онаа што се користи од страна на МАГЛЕВ возови (Magnetic levitation, одвоени од пруги), каде што секоја кабина ја движи сопствен мотор.

Овој систем на лифтови ја отвора можноста за движење на кабините како вертикално така и хоризонтално. Системот овозможува сите кабини да се однесуваат како еден систем, кој се искачува нагоре со една, а надолу се спушта со друга оска.elevator (5)

Истражувањето достапно на веб страницата на Универзитетот „Колумбија“, покажува дека во текот на 2010 година, службениците во Њујорк поминале вкупно 16,6 години чекајќи за лифтови, и 5,9 години во самите кабини. Со МУЛТИ лифтови луѓето ќе чекаат само 15-30 секунди без оглед на големината на зградата. Покрај тоа, можноста вертикалното движење да се пренасочи на хоризонтално, овозможува просторот за лифтови во зградите да не биде фиксен околу само една оска.elevator (3)

Исто така, со МУЛТИ лифтовите и дизајнот на зградите ќе се промени бидејќи нема да биде ограничен само на „вертикално третирање на објектите“, а со тоа се отвораат нови можности за архитектите и градителите.

elevator

Меѓутоа, МУЛТИ системот е далеку од тоа да биде подготвен за употреба. ThysseKrupp во октомври 2014 година, започна со негова изградба на ТЕСТ кула во германскиот град Ротвејл, а планот е МУЛТИ прототипот да биде подготвен за тестирање кога објектот ќе биде завршен во 2016 година.

Испрати коментар

Scroll To Top