Насловна / Арт и дизајн / Лифтови, како кратко патување со Оријент Експрес

Лифтови, како кратко патување со Оријент Експрес

Осум часот наутро во лифтот на Рамон Ривере во улицата West Plaza 47 во Бруклин, Њујорк. Г-дин Ривера фрла поглед на таблата која изгледа древно.

„Опа, одиме до пентахусот“ вели. Белото знамеце се појавува позади буквите „PH”. Ривера ја бутка контролната рачка кон лево. Лифтот обложен со махагони полека ги минува катовите, поминуваат бројките позади златната врата.IW_07_ELEVATOR

На патот кон највисокиот кат повторно се слуша ѕвончето и белото знаменце искача од бројот 8. Ривера, културен господин со седи мустаќи и облечен во морнарско сина униформа се приближува кон вратата додека лифтот го минува осмиот кат и нежно дофрла:„ Пристигнувам брзо“.

Во градот Њујорк постојат 69.381 патнички лифтови и скоро сите ветуваат патување екзотично колку и подготовка на тост. Влегуваш и притискаш копче. Но, постојат и неколку лифтови кои се контролираат рачно и имаат свои оператори, каде влегувањето е како кратко патување со Оријент Експрес.

lift1

lift5

На Петтата авенија, раката која го движи лифтот носи ракавица, лифтот е украсен со ренесансни анѓели, богови и божици. Во Hotel des Artistes на Западна 67 улица, во близина на Централ Парк, „лифтбојот“  помеѓу две возења се одмара во дрвен лифт со мурал на бродови во пристаниште.

Колективно овие лифтови создаваат сокриен музеј на надмината технологија и анахронизам.

Во лифтот на Ривера, патникот вели:„Помалку е старомоден, но нас ни се допаѓа“.

Ривера кој пред 82 години е роден во Порторико, дошол во Њујорк како тинејџер и го вози лифтот во  West Plaza 47 во Бруклин веќе 35 години. Изгледал две деца благодарејќи на платата заработена како лифт оператор. Денеска операторите заработуваат 24 долари на час.

lift4

Лифтот во West Plaza 47 е дизајниран од славниот сицилијанско – американски архитект Rosario Candela. Отворен е во 1928 година.

Единствена отсапка на лифтот направена на модерното време е што лифтот е поврзан со компјутерски рутер во подрумот. Од 1933 година лифтот сам се нивелира. „Пристигнуваме до 11,11..“ Ривера ја пушта рачката и лифтот застанува на 12 кат совршено нивелиран.

Во Њујорк постојат многу лифтови кои се нивелираат сами и кои операторите мораат прецизно да ги сопираат. „ Бев мошне лош кога почнував“ вели Мајк Мерил кој го вози лифтот во зградата на Американскиот балет. „Но телото се тоа веќе го запамтило. Не морам ниту да гледам“.

lift9

Ривера не го изгубил ентузијазмот за работата иако е во години кога неговите врсници се одамна во пензија.

lift6

lift2

lift3

lift8

Испрати коментар

Scroll To Top