Денес (25 март), во „Концепт 37“ ќе биде отворена изложба на илустрации насловена LIFE на Вања Штркова.
Ова е прва самостојна изложба на младата графичка дизајнерка и илустраторка, која ќе се претстави со дела посветени на секојдневието на една индивидуа.
„Ликовите кои се илустрирани, како тема на изложбата, ја претставуваат секојдневната коегзистенција на анимата и анимусот во една личност. Нивната константна игра на преовладување… Додека едниот ја има улогата на создавач на хаос, другиот пробува да ја стиши.
Улогите на анимусот и анимата, како што ќе можете да приметите, во зависност од тоа кој ја има доминантноста на личноста, може да се појави во улога на четири женски ликови, четири женски карактеристики, или па две деца кои се кријат во хаосот на анимата“, се појаснува во најавата на изложбата.
Отворањето е закажано во 20 часот, а за музиката ќе биде задолжен Бојан Чакра. Изложбата е од продажен карактер.