Насловна / Арт и дизајн / Либанска уметница направи најголемо знаме од рециклирани материјали (видео)

Либанска уметница направи најголемо знаме од рециклирани материјали (видео)

Активистката за животна средина и уметница Каролин Шататини постави Гинисов рекорд правејќи го најголемото знаме од рециклирани материјали во местото Бнашиу во Северен Либан, кое зафаќа површина од 300.2 квадратни метра. Со помош на волонтери, таа го направи либанското знаме од пластични шишиња, тапи и чинии за еден и пол месец.

л2_resize

„По експлозијата во Бејрут, на Либан му требаше нешто позитивно, некоја надеж која на луѓето кои многу страдаа, ќе им ја врати силата. Затоа сакав да го направам најголемото знаме на светот од рециклирани материјали и да го срушам претходниот Гинисов рекорд “, вели либанската уметница.

л1_resize

За изработка на ова импозантно знаме употребени се 1.000 зелени пластични шишиња, 70.000 бели пластични капачиња, 5.000 чинии и 30.000 капаци од тутун.

https://www.youtube.com/watch?v=khLaoSW0hwU

Ова е трет пат Шататини да го собори Гинисовиот рекорд. Таа претходно ја направи најголемата елка од пластични шишиња и најголемата полумесечина од капачиња за пластични шишиња.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top