Од неодамна сликата на славниот Амадео Модиљани „Лежечки акт“ стана второто најскапо уметничко дело во светот, продадено за 170,4 милиони долари, со што е надминат и досегашниот аукциски рекорд за некои од неговите дела. Сликата е продадена на купувач од Њујорк кој сакал да остане анонимен.
Сликата на Пабло Пикасо „Жени од Алжир“ која е продадена во мај за 179,4 милиони долари постави светски рекорд во цената за уметничко дело.
Сликата од 1917-1918 година на која е претставена гола непозната жена која се одмора потпрена на сина перница, предизвикала скандал кога за првпат била претставена на изложба во Париз.
Претходниот рекорд за некое од делата на Модиљани бил 70 милиони долари.