Дизајнирана од Ramón Esteve за компанијата „Vondom“, лежалката Vineyard Daybed е родена од идејата за место за засолниште.
Станува збор за прилично едноставна креација која ќе го подигне нивото на уживање во текот на летото, пружајќи совршен простор за опуштање, седење, медитација или попладневна дремка.
Vineyard Daybed е со чисти линии и триаголна форма, инспирирана од традиционалната архитектура. Ова парче се состои од алуминиумска конструкција и дупли душек кој ветува комфор.
Секоја единица има две отворени и две преклопени страни со едноставен дезен, кој го блокира продорот на сончеви зраци. Малите ногарки на кои се ослонува лежалката, овозмужуваат секогаш да сте на доволна висина над земја.
Во понудата се два финиша на Vineyard Daybed лежалките – платно и верзија од плетена трска. Со својата едноставна форма и материјали оваа лежалка совршено ќе се вклопи каде и да ја поставите.