Мебел што ги руши сите граници со спојување на уметноста и технологијата и креирање парчиња одржлив дизајн.
Станува збор за уникатна лежалка која дефинитивно ќе биде во центарот на вниманието во секој простор. Нагласувајќи го уникатниот стил на дизајн, ова иновативно парче мебел доаѓаза да направи револуција во индустријата на дизајн на ентериери и екстериери со својот специфичен метод на производство, материјали и форма. Имено, уникатните кружни прелази на оваа лежалка направени се од 3Д печатен биокомпозит кој може да се користи и внатре и на отворено без никакви проблеми.
Лежалката наречена Motif има за цел да го разбие статус квото на линеарното производство и концептот за тоа како се перципира мебелот. Тоа е естетска и еколошка изјава. Motif ќе биде претставена на саемот за светлина и мебел во Стокхолм во февруари оваа година.
Новите материјали и новите методи на производство (во овој случај производството на адитиви) водат кон нови начини на работа. Изработката на мали 3Д печатени верзии пред да станат големи е сигурен начин да се обезбеди целиот производствен процес, но и да се елиминираат сите можни грешки што се појавуваат на тој пат. Една од големите придобивки на 3Д печатењето е ефикасното производство во многу случаи, парчињата може да се испечатат и испорачаат во рок од само неколку недели.
Лежалката Motif на дизајнерите од бирото Reform Design Lab е целосно изработена од биокомпозитни материјали, што овозможува минимално влијание врз околината. Дизајнерите одлучиле да работат само со доверливи добавувачи на материјали, бидејќи денес има многу текови на отпад и рециклирани материјали кои можат да се користат, но и многу непознати фактори. Овие биокомпозити се едноставни за употреба и издржливи, но и темелно тестирани.
Сè на сè, лежалката Motif е добар показател за големи технолошки промени во областа на дизајнот на мебел. Во наредните години, ќе видиме многу повеќе дизајн генериран од вештачка интелигенција, многу повеќе 3Д печатен дизајн, нови стратегии за продажба и канали за дистрибуција.