Овој полу-затворен стол или поточно лежалка, благодарение на неговиот специфичен дизајн, се чини дека е идеално место за секој интроверт да се опушти.
Oва парче мебел всушност е замислено како еден вид спас во моментите кога се наоѓате на јавно место и едноставно повеќе не можете да го издржите притисокот. Идејата е на дизајнерот Тоин Баерт кој ја има создадено оваа полу-затворена лежалка наречена Esc.
Esc, како кратенка за Escape, гарантира дека ќе избегате од сите оние работи што секојдневно ни предизвикуваат стрес: бучава, сообраќај, sвонење на телефонот, празни разговори. Оваа лежалка е делумно завиткана во крошна, исто како да е полуотворен чадор. Тендата над глава штити од градската врева и нуди визуелно и емоционално тивко скривалиште внатре. Овој дел од лежалката исто така може да се прилагоди за да обезбеди затворен или полузатворен изглед, односно во еден момент може да дејствува како отворена клупа, а во друг како темна област за спиење.
Изработена од 100 отсто рециклиран материјал и издржливо дрво, лежалката Esc е делумно развиена со намера да ги прикаже начините на кои мебелот може да послужи како канал за промени во дизајнот, со што се создаваат решенија не само за денешните, туку и некои пречки во иднина.