Откако минатиот месец склучија спогодба за задолжително складиштење на природен гас, Летонија, Австрија и Словачка во моментот имаат најголеми залихи на гас во следната зима во споредба со годишната потрошувачка. Словачка веќе ги наполни своите складишта до 36% од годишната потрошувачка. Исто така постои и складиште во Чешка кое е поврзано со Словачката преносна мрежа. Со овие складишта, Словачка покрива повеќе од половина од потрошувачката и би требало да ја преброди следната зима без поголеми ограничувања, дури и ако Русија целосно ја запре испораката на гас Во Европа.
Во скоп ан ЕУ, само Австрија и летонија имаат поголеми складишта. Австрија има резерви еднакви на 43,3% од годишната потрошувачка, додека Летонија предничи убедливо до дури 78%. Преговарачите од ЕУ минатот месец се сложија за задолжителни складиштени резерви на гас за замјите членки, со цел залихите да бидат пополнети најмалку 85% до 1-ви ноември 2022 година.