Насловна / Вести / Летните горештини ја „изненадија“ швајцарската железница

Летните горештини ја „изненадија“ швајцарската железница

Додека железниците во поголем број европски земји, врз основа на искуството од предходните години се припремиле за летните горештини, Швајцарија тоа не го направила и соочена е со бројни проблеми поради деформација на шините.
Бројот на многу топли денови, за време на кои доаѓа до деформација на шините, од година во година е се поголем, а многу железници против тоа се борат со боење на шините во белo.
Швајцарската железница (SBB) тој начин на „борба“ против горештините допрва го тестира.
Австриската железница (OeBB) развила посебен воз за фарбање на шините, а нивните колеги од Швајцарија се определиле да ја испробаат опцијата ладење на шините само со вода.
Колку се драстични последиците од топлото време за шините се покажа на 27. јуни кога десетици илјади патници, поради деформации на шините на пругата меѓу Верн и Хинделбанк, беа соочени со доцнење, но и со откажување на тргнувањето на возовите.
Додека се вели „точен како швајцарски часовник“ или „швајцарски воз“, сличен хаос би можел да се случи утре, кога за четврток во Швајцарија се прогнозораат теператури до 36 степени.

555

Испрати коментар

Scroll To Top