Домаќин на петтото по ред научно истражувачко собирање под закрилата на Енергетската заедница ќе биде испоставата на Масариковиот Универзитет во Телч, Чешка. Настанот ќе се одржи од 22 до 29 август 2020 година.
Во најавата се напоменува дека станува збор за мултидисциплинарна програма со практичен пристап, и дека школата се осврнува особено на енергетските пазари во транзиција и нивните предизвици, а ќе ја водат истакнати професионалци и академици.
Акредитирана во согласност со Европскиот кредит трансфер систем, школата носи 3 ECTS поени. Летната школа на Енергетската заедница е бесплатна и вклучува трошоци за сместување, но не вклучува трошоци за превоз. Поддржана е од страна на мрежата на академски и истражувачки институции од споменатион регион, но и надвор од него. Рокот за пријавување е до 31 март.
Првата Летна школа на Енергетската заедница била одржана во 2016 година во Тирана, втората во 2017 во Охрид, следната во Сплит, додека минатогодишната била одржана во Краков.