Насловна / Архитектура / Летна школа за архитектура во Осоговскиот манастир

Летна школа за архитектура во Осоговскиот манастир

site ucesnici LS2016

Од 9 до 16 јули, во манастирот Св. Јоаким Осоговски кај Крива Паланка се одржа 25. сесија на Летната школа за архитектура, организирана од Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје.

0- Michiel Riedijk i Julliette Bekkering - gosti tutori naLS2016

Во својот континуитет од 25 последователни сесии, Летната школа негува дидактички и креативни начини на експериментирање, тестирање и вреднување на различни пристапи, алатки и техники кои влијаат и ја обликуваат архитектонската мисла и проектниот процес.

1- workshop

Овогодишната тема КОЛАЖ+МОНТАЖА+АСЕМБЛАЖ беше поставена од гостите-тутори Михил Ридајк и Џулиет Бекеринг, обајцата со посебни и етаблирани кариери како ко-основачи и активни творци во Neutelings Riedijk Architects, односно Bekkering Adams Architrecten, но и професори на ТУ Делфт, односно ТУ Ајндховен.

1- workshopp

Во текот на работата на Школата, 24 студенти имаа единствена можност да учат директно преку предавања, презентации и интерактивни дискусии, како и практични опити во процесот на развивање на архитектонски концепти базирани на дадените техники.

exhibition 1

Резултатите од 25-тата сесија на Летната школа за архитектура беа претставени на завршната изложба пропратена со орална презентација во исклучителниот работен простор кој го нуди стариот конак на манастирот Св. Јоаким Осоговски.

MRiedijk gi potpisa knigite za studrntite

Извадоци од тоа беа собрани во книга која му беше врачена, покрај дипломата, на секој учесник како сублимација на целокупниот труд и преглед во процесот на работа. Презентираниот материјал, како и личните изјави на учесниците, сведочат за исклучително интензивно, поучно и продуктивно, но истовремено и пријатно искуство.

exhibition 2 exhibition 0 2- presentation 3 2- presentation 2 2- presentation 1

 

Испрати коментар

Scroll To Top