Насловна / Вести / Летечки хотел на иднината кој никогаш нема да остане без гориво (ВИДЕО)

Летечки хотел на иднината кој никогаш нема да остане без гориво (ВИДЕО)

Иднината дефинитивно носи некои нови стандарди, па така е осмислен и хотелот кој лета и кој благодарение на нуклеарната енергија ќе може да лета неколку години, а никогаш да не ја допре земјата.

Според амбициозниот дизајн на лебдечкиот „хотел на иднината“ под името „Sky Cruise“ – леталото би можело да прими 5.000 гости.

2

Во описот, дизајнерите наведуваат дека крстосувачот би бил напојуван од нуклеарна енергија, контролиран од систем на вештачка интелигенција и би имал сопствен птостор во форма на диск за набљудување, каде патниците ќе можат да видат неверојатни прикази.

0

Дизајнерите тврдат дека, додека бродот останува во воздух со години, патниците ќе се снабдуваат со залихи преку електрични комерцијални или приватни авиони, кои би можеле да слетаат на врвот на крстосувачот.

1

Во видеото, во кое е прикажан дизајнот на Тони Холмстен и анимацијата на Ал-Гаили, се тврди дека „Sky Cruise“ ќе има 20 електрични мотори кои „обезбедуваат чиста, нуклеарна енергија“.

Летечкиот брод е претставен како дестинација за одмор, како луксузно летало за крстарење, каде што ќе има повеќе барови и ресторани, базени, палуби за набљудување, кина и театри и соби за игри – како и места за венчавки.

3

Испрати коментар

Scroll To Top