Данската компанија Arcgency, со цел да се намали отпадот при изградба на одреден објект и истовремено да се овозможи негова долготрајност, проектираа урбан канцелариски простор кој лесно може да се трансформира или транспортира. За флексибилниот модуларен контејнер, потребно е само два дена да се монтира, а неговите ѕидови се изработени од изолирани сендвич панели.
Водните јазли, дотокот на електричната енергија и греењето се направени видливи, со цел нивно полесно монитање и демонтирање. Поставени се вкупно три контејнери со простори помеѓу нив, што претставува главниот работен простор, додека затворените делови служат за одржување состаноци и како стоваришта. Објектот е приспособен на скандинавската клима и е екстремно енергетски ефикасен бидејќи користи помалку од 41 kWh/m2 годишно.