Холивудскиот актер познат по исклучителната грижа за животната средина, Леонардо ди Каприо, започна интересен архитектонски проект. Актерот одлучи да се изгради луксузно еко-одморалиште на брегот на Белизе во Централна Америка.
Комплексот ќе се состои од 68 вили и 48 приватни куќи во вредност од пет милиони долари, чија изградба се очекува во 2018 година. Одморалиштето Blackadore Caye ќе се простира на огромна подигната платформа под која ќе се наоѓаат вештачки корални гребени и специјални „засолништа за риби“ со морска флора, со цел да се ревитализира еколошкиот систем од просторот што е оштетен поради прекумерниот риболов и ерозијата на песокливата почва.
Ди Каприо сака 45% од површината и официјално да биде прогласена за заштитена зона: „Се заљубив во оваа единствена земја со неверојатен морски свет, втор по големина корален гребен и древни храмови на Маите“, изјави актерот уште во 2005 година за време на неговата прва посета на државата Белизе во Средна Америка.