Леонардо Ди Каприо ја продава својата куќа во Малибу Бич за 10 милиони долари. Доколку ја продаде по таа цена, ќе оствари навистина голем профит, со оглед дека во 1998 година тој ја купил за „само“ 1,6 милиони зелени банкноти. Првично куќата ја огласил за продажба во 2016 година, но немало заинтересирани, па повлечена е од пазарот. Сега актерот, но и сериозен активист за заштита на животната средина, се обидува да го искористи „жешкото“ калифорниско лето на пазарот на недвижности и куќата е повторно понудена за продажба. Куќата има 164 метри квадратни, на парцела од вкупно 680 квадратни метри. Поседува три спални и две бањи. Има голема тераса со поглед кон океанот. Ди Каприо поседува уште една недвижност во Малибу, која вреди 23 милиони долари. На овој имот тој планира да изгради „еколошки свесно уточиште“.