Насловна / Вести / Лени Кравиц сними спот во својата вила во Париз (ВИДЕО)

Лени Кравиц сними спот во својата вила во Париз (ВИДЕО)

Лени Кравиц го претстави новото видео за песната „TK421“, кое е снимено во неговата вила – „Вила Рокси“ во 16-тиот париски арондисман. Вкупната површина на вилата е 1500 квадратни метри, а патем го добила името во чест на неговата мајка – Рокси Рокер.

01

Музичарот ја купил вилата на почетокот на 2000-тите, но според него, во Париз се вљубил уште порано. Ентериерот го направил по сопствена желба и го опишал како мешавина од „Мајлс Дејвис, Ив Сен Лоран и Хелмут Њутн…“. Вреди да се спомене дека во 2006. година Лени го лансираше Kravitz Design, студио кое се занимава со уредување ентериери, а тоа влијаело и на уредувањето на неговата луксузна куќа.

1

Во видеото, покрај спортските мускули на музичарот, гледаме и многу мермер, лустери Сваровски, меѓу другите, дела на Енди Ворхол и Жан Мишел Баскијат, винтиџ детали од Пол Еванс и извонредни антиквитети. Гласините велат дека музичарот има колекција Дом Перињон во подрумот.

0 3 2 1 01 4 6 7

Испрати коментар

Scroll To Top