Тамара Лемпицка, позната и како Тамара де Лемпицка (1898 – 1980) една од најконтроверзните сликарки од почетокот на дваесеттиот век, миленичка на многу ѕвезди на „стариот Холивуд“ и жена која пред се го сакала луксузот и богатството. Лемпицка е „првата жена сликарка која станала гламурозна ѕвезда“.
Дама со син шал
Под влијание на кубизмот, станала водечки претставник на стилот на Арт Деко на два континента и позната е и како „бароницата со четка“. Била омилен модерен сликар на портрети на нејзината генерација меѓу буржоазијата и аристократијата.
Жена во жолт фустан
Кога ќе се спомнат дваесеттите години на минатиот век, многумина се сеќаваат на популарноста на џезот, прохибицијата, „Големиот Гетсби“, но и развојот на арт-деко стилот во уметноста, чиј еден од најпознатите претставници била сликарката Тамара де Лемпицка.
Карти
Класичниот, симетричен, праволиниски стил, кој имал инспирација во кубизмот и футуризмот, го достигна својот врв токму во смелите дела на оваа уметница.
Родена е како Марија Горска во Варшава во 1898 година, нејзиниот татко, Борис Гурвик-Горски, бил богат руски трговец или индустријалец, додека нејзината мајка, Малвина Деклер, потекнувала од богато полско семејство.
Две жени со прекривки
До крај не е разјаснето дали навистина е родена во главниот град на Полска, бидејќи постојат некои шпекулации дека родното место намерно го „преселила“ во Варшава, а дека всушност е родена во Москва, за да го прикрие еврејско потекло на својот татко.
Ирена и сестра и
Нејзините родители се развеле кога била дете, па најраното детство го поминала со мајка си и нејзините родителите, а во 1911 година се преселила да живее кај роднините во Санкт Петербург, благодарение на кои влегла во богатите општествени кругови.
Заспана девојка
Девојки
Активно присуствувала на културни настани и елитни балови, а на еден од нив го запознала и својот иден сопруг Тадеуш Лемпицки, од кој го добила презимето по кое останала запаментена во историјата на уметноста.
По венчавката, парот живеел во Санкт Петербург, каде што ги затекнала Октомвриската револуција и во 1918 година, како и повеќето членови на руската аристократија, побегнале во Париз.
Принц Еристоф
Во егзил во Франција во 1922 година, Тамара ја започна својата сликарска кариера и го стекнува својот дефинитивен уметнички стил учејќи сликарство од Андре Лот – сликар, декоратор, критичар, теоретичар на уметност.
На својот најпознат машки портрет, де Лемпицка го насликала првиот сопруг во периодот кога тој, очаен поради нејзиниот раскалашен живот, ја оставил поради друга жена. Бесна поради тоа, Лемпицка едната рака на портретот ја оставила недовршена и го изложи делото како „Незавршен портрет на Тадеуш Лемпицки“.
Незавршен портрет на Тадеуш Лемпицки
Тамара набрзо ја сфатила својата уметност како влезница во големото друштво и средство да дојде до пари, што и било поважно од самата уметност.
„Нема да престанам да сликам додека мојата рака не ми биде покриена со скапоцени камења од глуждот до рамоото“, изјавила своевремено.
Перспектива
Поради тоа, во својот најплоден период од 1925 до 1933 година, не одбила ниту една нарачка и наслика над сто портрети. Се зборувало дека дури и кога слика била облечена во бела свила, нагрната со крзно, а рацете и биле украсени со дијаманти.
„Убавата Полјакина“, како што ја нарекувале де Лемпицка во високите кругови, била особено популарна меѓу „маргиналните групи“, па феминистките и хомосексуалците ја сметале за култна личност.
Била редовна гостинка на забави на хомосексуалци каде наоѓала модели, а подоцна ги заведувала.
Жени на капење
Нејзините фотографии од лудите забави и нескриената бисексуална ориентација ги полнеле тогашните таблоиди, а нејзините вонбрачни авантури придонеле да се разведе од адвокатот Лемпицки, со која ја добила ќерката Марија Кристина, познат како Кизет.
Кизет во розово
Набргу по разводот, Тамара де Лемпицка повторно се омажила, овој пат со унгарскиот барон Раул Куфнер, кого го запознала кога тој нарачал портрет на својата тогашна љубовница. Меѓутоа, контроверзната и заводлива сликарка толку многу го маѓепсала што се оженил со неа и ги толерирал сите нејзини авантури и декадентен начин на живот. И остана верен се до својата смрт во 1962 година.
Г-ѓа Буш
Иако била една од најважните припадници на Арт Деко стилот во уметноста, критичарите не гледале благонаклоно на делата на Тамара додека била жива. Денес се многу барани, а најпознатите аукциски куќи во светот ги продаваат по огромни цени. Џек Николсон, Барбра Стрејсенд и Мадона се познати како најголеми колекционери на нејзините дела.
Портрет на Маркус Суоми
Во зимата 1939 година, Лемпицка и нејзиниот сопруг се преселиле во САД. Таа веднаш организирала изложба во Њујорк, иако живееле на Беверли Хилс.
Во 1940 година, станала омилен сликар меѓу холивудските ѕвезди и општествената и финансиска елита. Сепак, интересен е фактот што и покрај оваа популарност, славната Пеги Гугенхајм одбила да изложи некоја од сликите на Тамара во својот Музеј на уметност на дваесеттиот век.
Млада дама со ракавици
Во периодот на животот во Америка, особено по преселувањето во Њујорк во 1943 година, интересот за нејзиното сликарство почнал да опаѓа, а членовите на тогашното високо општество биле многу повеќе заинтересирани за забавите што таа ги приредувала.
Пролет
Нејзините нови слики не биле добро прифатени на изложбата во 1962 година во галеријата Iolas, па така Лемпицка цврсто решила никогаш повеќе да не ги изложува своите дела и да се повлече од активен живот како професионален уметник.
Сликата која останала како најдобар доказ за животот што го живеела Тамара де Лемпицка е прочуениот „Автопортрет“ или „Тамара во зелено бугати“ од 1932 година. Тоа е нејзината најрепродуцирана слика, а претставува и симбол на модерна и еманципирана жена која не се осврнува на нормите на тогашното општеството.
Тамара во зелено бугати
По смртта на сопругот, Тамара заминала на три патувања околу светот со брод, а кога се вратила се населила во Хјустон, за да биде поблиску до ќерката и нејзиното семејство.
Сепак, во 1978 година, одлучила да се пресели во Куернавака, Мексико, каде што починала две години подоцна, на 18 март 1980 година. На нејзино барање, таа е кремирана, а нејзината пепел расфрлена над вулканот Попокатепетл.
Убавата Рафаела
Розвова блуза
Споделување тајна
Гола девојка со гулаб
Адам и Ева
Сон
Живот со руска кукла