Насловна / Вести / Lemon8, нова социјална мрежа која бележи огромен раст

Lemon8, нова социјална мрежа која бележи огромен раст

Кинеската компанија ByteDance, матичната компанија на TikTok, забележува сè поголем успех со својата нова платформа Lemon8.

lo1

Што е Lemon8?

Едноставно кажано, Lemon8 е комбинација од Instagram и Pinterest. На оваа социјална мрежа можете да споделувате фото и видео материјал, а целна група се корисниците заинтересирани за храна, убавина, wellness и патувања.

Според извештајот на New York Times, ByteDance ангажирал инфлуенсери на TikTok и им дал конкретни упатства за промовирање на апликацијата, што се исплатело. Сите тие го повторувале истото и го опишале Lemon8 како „бебето на Instagram и Pinterest“.

л0

Lemon8 всушност не е нова апликација – лансирана е во Јапонија во 2020 година, но е нова за корисниците во САД и за само една недела станала број еден lifestyle апликација на App Store. Покрај во Јапонија и сега во САД, апликацијата е достапна и во Обединетото Кралство, Индонезија, Тајланд, Филипини, Виетнам, Малезија и Сингапур.

За разлика од TikTok, Lemon8 не поддржува вертикално скролање видеа, а содржината што можете да ја видите обично се врти околу одредена тема.

л

Темите во трендингот се мода, убавина, храна, wellness и патувања. Под секоја тема се препораки, предлози, get-ready-with-me видео содржини и совршено организирана, естетски привлечна содржина.

Модните инфлуенсери на Lemon8 можат да означат каде купиле одредено парче облека и колку го платиле. Апликацијата е најслична на Instagram по тоа што има за цел да влијае на корисниците да купат нешто препорачано од нивниот омилен инфлуенсер.

„Измислената спонтаност“, односно идејата дека совршениот момент се случува природно, е нешто по што Instagram стана препознатлив, иако сите се свесни дека најголемиот дел од содржината е плански уредена. Сепак, токму тоа оддалечи многу корисници од оваа апликација.

lo

Зошто Lemon8 е толку популарен?

Lemon8 веќе стекна популарност во Јапонија и Тајланд, а е се популарен во САД. Корисниците можат да ги поврзат своите сналози на TikTok и Instagram за да го прошират своето влијание на социјалните мрежи. Во моментов на Lemon8 има само микроинфлуенсери со 900-3000 следбеници на Instagram или TikTok.

Повеќето од објавите имаат #Lemon8partner во насловот што покажува дека платформата им платила на креаторите да ја промовираат, со цел да добие поголема популарност. Истите тие инфлуенсери ги покануваат своите следбеници преку други социјални мрежи да се придружат на Lemon8.

lmmm

Содржината на Lemon8 е естетски совршена – совршено поставена и уредена за да ги прикаже само најдобрите делови од животот на една личност. Но, како што расте апликацијата, некои креатори се одвојуваат од перфекционизмот за да бидат поавтентични.

Што се однесува до евентуалната заработка на оваа платформа, сè уште не е јасно како креаторите ја монетизираат својата содржина, пишува ZDNet.com.

Испрати коментар

Scroll To Top