Германската компанија Leica го претстави новото специјално издание на својот Leica Camera CL, фото апарат во чест на прославата на 100-годишнината од популарниот Баухаус. Наречен е Leica CL “100 jahre bauhaus”, тоа е признание за еден од најпознатите германски брендови, Баухаус, уметничкото училиште што го дефинираше модернизмот преку уметноста и дизајнот.
Фото апаратот ги задржува истите основни карактеристики како и традиционалниот модел на CL, како што се сензори со 24 мегапиксели, брз автоматски фокус и 4K видео снимање. Комплетот леќа е сребрен Elmarit-TL 18mm f / 2.8 ASPH.
За да се потенцира поврзаноста со годишнината на Баухаус, историското лого е врежано на кожната обвивка на апаратот. Ќе бидат произведени само 150 парчиња на новата камера Leica CL “100 jahre bauhaus” и ќе бидат достапни исклучиво во продавниците на Leica низ светот, почнувајќи од 27-ми мај, со цена од 2.944 фунти.