Идејата за новиот ентериерски дизајн во новото седиште на „Лего“ во Копенхаген била да се поттикне позитивна и креативна енергија која воопшто е потребна за секое работно место, а особено таму каде што се промислуваат и настануваат омилените коцки за игра.
Вработените во компанијата не само што создаваат предмети за забава за други, туку и самите работат со насмевка на лицето. Седиштето се простира над 2000 квадратни метри, и е дизајниран како отворен простор во кој нема граници помеѓу работата и лежерните занимации. Во ентериерот може да се видат многу интересни решенија, како што се „пештера” за самостојна работа и подобра концентрација, голем тобоган што ги поврзува двата ката, големи маси за групни активности, простории со меки подови за релаксација, библиотека и зона за играње.