Насловна / Вести / LEGO наскоро со одржливи коцки од шеќерна трска

LEGO наскоро со одржливи коцки од шеќерна трска

И LEGO станува „зелена“ компанија. Овој дански бренд најави дека ќе започне со производство на нов сет парчиња за склопување направени од пластика на база на растителен отпад односно шеќерна трска. Токму и во знакот на одржливоста, овие парчиња ќе претставуваат ботанички елементи – лисја, дрвја и грмушки. Во процесот на производство материјалот на шеќерната трска ќе биде разложен и реформиран во полиетилен, постојана и флексибилна пластика, технички идентична како конвенционално произведените парчиња. „ Ние во групацијата LEGO, сакаме да направиме позитивно влијание врз светот, и напорно работиме за да создадеме интересни но и одржливи играчки за децата. Горди сме што во текот на оваа година нашите идеи ќе бидат реализирани.“ вели Тим Брукс, потпретседателот на компанијата, кој истовремено е одговорен за заштитата на животната средина во LEGO.

LEGO 2

LEGO 4

LEGO 5

Испрати коментар

Scroll To Top