Насловна / Вести / Lego направи Toyota Supra во природна големина и со електричен погон

Lego направи Toyota Supra во природна големина и со електричен погон

Toyota Supra е најмоќниот спортски автомобил на овој јапонски производител, но една Supra e направена на посебен начин и од друга компанија. Станува збор за Lego, кој направи Toyota Supra во природна големина и која е возможно да се вози. Lego репликата на Toyota Supra е направена на основната шасија на која се наоѓа електричен мотор кој може да ја задвижи оваа необична верзија на познатиот автомобил до брзина од 27 km/h.

supra1

supra3

Надворешноста и внатрешноста на автомобилот се речиси во целост изработени од Lego коцки, но неколку клучни компоненти се превземени од оригиналниот модел, а тоа се: возачкото седиште, волан, тркала, пневматици , како и логото. Репликата е нешто потешка од оригиналот – 1885 килограми, наспроти 1640 килограми. За дизајнот на Lego Supra биле потребни 3000 часа, а за нејзино склопување дополнителни 2400 часови. Lego Supra е изложена во јапонскиот Legoland од 12-ти август до 11-ти октомври, паркирана покрај оригиналот.

supra2

 

Испрати коментар

Scroll To Top