Насловна / Арт и дизајн / Легендарниот Едвард Мунк доби нов музеј во Осло

Легендарниот Едвард Мунк доби нов музеј во Осло

Во Осло е отворен нов музеј посветен на светски познатиот норвешки сликар Едвард Мунк. Новото здание на 13 ката, со околу 200 оригинални негови дела и вкупно 26.000 експонати, е свечено отворено од страна на кралската двојка.

munk3

munk1

Едвард Мунк, еден од најеминентните светски експресионисти и автор на култната слика „Крик“, е роден во Лотен во 1863 година, а умрел во Осло во 1944 година. На норвешката престолнина и оставил многу свои уметнички дела кои сега се чуваат во новиот музеј.

munk2

Плановите за изградба на музејот датираат од 2008 година, кога градот Осло објавил архитектонски конкурс. Победник на конкурсот е шпанскиот архитект Juan Herreros и неговото студио  Herreros Arquitectos. Пред локалните избори во 2011 година, градот се откажува од овој проект од економски причини. Но, во мај 2013 година, се донесува одлука сепак да се врати во живот идејата за нов музеј, и тоа на локација во близина на Операта. Изградбата започнала во 2015 година. Новиот музеј е критикуван поради својот дизајн, како неофицијално најголема светска колекција на заштитни решетки.

munk4

munk5

Испрати коментар

Scroll To Top