Мебелот и предметите кои можат да се рециклираат и се еколошки прифатливи непрекинато се произведуваат, бидејќи потрагата по одржлив дизајн стана се поочигледна и поконкретна.
Затоа, по повод Fuorisalone 2021, B&B Italia одлучи да ја претстави безвременската икона во специјална верзија: познатата фотелја Up5_6 направена целосно од плута.
Природна и еколошка, плутата без сомнение е 100 отсто обновлив и рециклирачки материјал. Се добива од дабова кора, лесно може да се извади без да се оштетат растенијата, кои можат по девет години (колку што е потребно за да се врати кората) повторно да се „обработуваат“. Покрај тоа што е одржлива, плутата нуди и разни предности бидејќи е лесна, флексибилна, издржлива, лесна за обработка, водоотпорна и хипоалергена (дури и без оглед на нејзините термички и акустични својства).
B&B создаде нова верзија на познатата фотелја на Gaetano Pesce, италјански архитект и пионер на дизајнот на 20. век. Компанијата ова парче мебел го создаде фокусирајќи се на рециклирање на користена плута собрана од училиштата во Италија. Плута, смелена во гранули, а подоцна измешана со природни врзива, се обработува со техниката на обликување, со што се создава издржлива фотелја која може бескрајно да се рециклира.
Дизајнирана од Gaetano Pesce во 1969 година, серијата Up е еден од најсензационалните симболи на радикалниот дизајн, што ја прави единствена во историјата. Меѓу парчињата кои ја сочинуваат колекцијата, брановидната Up5, секако е најпознатото парче мебел во историјата на дизајнот. Замислена како метафора на „жена со топка и синџир“, оваа фотелја е направена во чест на жените и со години е осуда на тешките услови за жените во некои делови од светот. Денес, во оваа верзија од плута, на оваа порака се додава уште еден одраз: ја разгледува планетата и делува како потсетник за грижата за животната средина.