Во општина Кисела Вода беа доделени уште 50 решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, на доделувањето на решенијата ја истакна важноста на процесот за легализација со која се решаваат децениските проблеми на граѓаните со впишување на правото на сопственост на нивните објекти.
„Покрај општината, и жителите на општина Кисела Вода ја носат главната улога, бидејќи општинските служби можат да работат само откако ќе им биде доставена целосната документација. Ова го велам бидејќи денешната ситуација вели дека бројот на граѓани кои не доставиле геодетски елаборат е се помал. Се надеваме дека тие граѓани нема да чекаат до крајниот рок, кој согласно последните владини измени е пролонгиран до 31.12.2015 година“, рече Беличанец Алексиќ.
Таа апелираше до сите правни и физички лица во општината да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакуум простор. Потенцираше дека ќе биде срушена секоја градба без легална документација.