Педесет граѓани од општина Бутел денеска добија решенија за легализација на нивните дивоизградени објекти. Решенијата ги додели градоначалникот Петре Латиновски.
Во законскиот рок во општина Бутел поднесени се вкупно 6.374 барања за легализација. Досега се завршени 2.800 предмети.
– Општинските тимови што работат на легализација имаат обработено уште 1.160 барања за кои се чека разрешувањето на имотно-правните спорови, информира општина Бутел.