Градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ денеска додели нови 50 решенија за легализација на дивоградби што се наоѓаат на оваа скопска општина. Со тоа, бројот на ваквите објекти кои добија правен статус се искачи на 3.155.
На овој начин и жителите на општината кои во овој момент поседуваат дивоградба, заедно со општината, ќе можат да дејствуваат во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Со новите детални урбанистички планови, кои на овој начин ќе можат да бидат донесени и веќе се носат, на граѓаните и бизнис заедницата им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките. Само на тој начин ќе придонесеме за успешен развој на нашата општина – истакна таа.
Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3.722, наведе градоначалникот Беличанец-Алексиќ, додавајќи дека се изготвени уште 99 урбанистички согласности, од кои, за 71 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.