До крајот на оваа година е законскиот рок за легализација на дивоградбите. Во овој период граѓаните кои имаат поднесено барања за легализирање на нелегално изградените објекти, треба да ги докомплетираат барањата со геодетски елаборат, со што ќе продолжи постапката за легализација.
Во Општина Штип досега постапката за легализација е завршена кај половина од пријавените дивоградби.
Објектите кои нема да бидат легализирани до крајот на оваа година, после овој рок ќе бидат предмет на работа на општинскиот градежен инспекторат.